Користејќи ја средната вредност на променливите на прирастот на населението, Обединетите нации (ОН) предвидуваат дека до крајот на векот Македонија ќе има 28,8 помалку проценти, пренесува „Ал џезеира“.

Проекциите на ОН се дека во првите 30 најзагрозени се и Србија која ќе има 38,5 проценти помалку население, Хрватска 37,2 проценти, Црна Гора 30,2 проценти.

Според последните проекции на ОН, најголемото намалување на популацијата ќе биде забележано во земјите од Балканот и Источна Европа.

Најголем дел од населението ќе ја загуби Молдавија (53,8 отсто), Бугарија (50,5 отсто), додека БиХ е трета со претпоставени 48,9 отсто помалку до крајот на векот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.