Откако пратеникот на ДУИ Џеват Адеми рече дека гледал како позитивно изненадување кога ВМРО-ДПМНЕ ја предложиле Рашела Мизрахи за техничка министерка, но и дека „мажите од ВМРО-ДПМНЕ се кријат, додека жена го брани името“, пратеникот Илија Димовски од опозициската партија се јави за контрареплика.

До кај стигнаа командандите на ДУИ, да ве рекетира Боки 13 и да ви ’ржи Мухамед Зекири“, рече Димовски во контрарепликата.

Седницата за разрешување на техничката министерка продолжува и по полноќ, односно, како што најави собранискиот спикер, Талат Џафери, додека не се поминат точките на дневен ред на седниците за Законот за Јавно обвинителство и Законот за Советот на јавни обвинители, како и седницата која е во тек, а на која меѓу другото, се разгледува и нејзиното разрешување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.