Револтирани родители на деца со посебни потреби од Штип со јавен апел до министерката Мила Царовска за остварување на ветувањето дадено лани во ноември.

“Министерке @mila_carovska беше ветено дека ќе се вработи возач за возилото со рампа кое се набави за децата со посебни потреби во Штип.

Но еве 8ми месец сеуште стои паркирано.

Родителите на деца во количка се очајни и се спремни да излезат во јавност.

Но зарем мора така?”, пишува Зоран Мијалков родител на деца со посебни потреби и активист за заштита на правата на маргинализирани групи.

Тој до Царовска покрај за возилото пишува и за другите проблеми за овие деца во Штип.

“Почитувана Министерке двата центри во Штип освен згрижувачки карактер не нудат ништо повеќе.

Кога ќе доживееме да се работи со нив,да добиваат логопедска, дефектолошка, говорна терапија?

Има мали деца со аутизам, се испушта раната интервенција со нив. Времето не убива”, пишува родителот.

Мијалков не ја обвинува директно Царовска туку локалните служби на кои таа им е надредена.

Возилото со кое треба да се движат децата со посебни потреби е купено со донации од страна на родителите кои очајни од неоствареното ветување се подготвени сами да го плаќаат и возачот но засега нема дозвола од МТСП а возилото скапува на паркинг.

exspres.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.