Ништо нема да постигнеме ако ги бојкотираме изборите. Ќе ги бојкотираме еднаш, двапати, трипати и што потоа, прашаува професорката Гордана ИСлјановска Давкова.

Имам разборање за дилемите на луѓето кои со умот и срцето го игнорираат ова и не скаат да го приатат. Многу подобро е да се сфати дека пак ќе има следни избори и тое избори пак ќе бидат во органите, а ние не сме го одбрале и не сме го наметнале тоа име. Тие го направија тоа. Тоа е нивниот избор. На ливчињата повторно ќе пишува „Република Северна Македонија“. Како и каде ќе го смените тоа ако не однатре? Не сакам да оставам простор за она што го слушаме од некои политичари кога велат дека тоа бил единствениот начин, дека тоа бил моделот, дека сите граѓани на Републиак Македонија стојат зад тоа. Да покажеме на избори дека ја делигитимираме оваа власт и се што направи. 

Тоа ќе отвори простор за предвремени парламентарни избори, рече Силјановска Давкова.

Јас ќе соработувам со извршната власт, но имам право на лично самоопределување. И никој не може да ме натера кога ќе настапувам сама да го употребувам тоа име, и тогаш ќе сфатат дека за клучните прашања не се разликуваме, рече Силјановска – Давкова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.