Дали наградата што му е ветена на судијата Огнен Ставрев ќе му пресуди на ТНТ, прашува адвокатот на ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски Јoван Страшевски во отворено писмо до претседателот на Судскиот совет Киро Здравев.

Дали договорот со Вашите наредбодавачи е до 27 јануари незаконски да се заврши предметот ,,ТНТ“, а на седницата закажана на 27 јануари да го изберете Огнен Ставрев за судија на Апелациониот суд, прашува адвокатот.

Истата дилема е актуелна во јавноста подолго време.

Се шпекулира дека Ставрев е решен по секоја цена да го заврши судењето за уривањето на дивоградбата на Фијат Цаноски, коалициониот партнер на Заев, а последните закажани рочишта само го потврдуваат тоа.

Кривичниот суд одреди дополнителни термини за случајот ТНТ. Во втората половина од месецов, предвиде судења секој ден во периодот од 13 до 27 јануари, за кога е закажана седницата за избор на судии на Апелациониот суд.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.