До 19 часот своето право на глас на парламентарните избори во Бугарија го искористиле нешто помалку од 500 лица од Македонија и гласале на едно од избирачките места во земјава.

Според неофицијалните резулатати, најмногу гласачи излегле во Скопје – 130. Во Охрид гласале 100 лица, во Штип 90, Струмица 81, а во Битола 70.

Во 19 часот, единствено е затворено гласачкото место во Битола, додека останатите треба да се затворат во 20 часот.

За 240 пратенички столчиња во бугарски парламент на денешните избори се натпреваруваат 6 895 кандидати, предложени од 30 партии и коалиции.

Според првичните проекции, во новиот парламентарен состав ќе има шест или седум партии, а според првичните резултати владејачката ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов освоила најмногу од гласовите, околу 25 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.