До 19 часот, во затворите гласале 74,13% од запишаните гласачи, кои на број се 1.640. Гласањето поминало непрекинато и без проблеми.

На овие претседателски избори првпат гласаа гласачи во два старечки дома во Скопје, а од 71 гласач, правото на глас го остварија 65, односно 91,54%, рече Љупка Гугучевска од ДИК.

Избирачките одбори беа одговорни за гласањето на болни и немоќни или лица во куќен притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.