Изборниот процес во општините Струга и Вевчани тече мирно. Заклучно со 15 часот во Струга гласале 27, 5 проценти од 61.437 гласачи, а во Вевчани 51, 25 отсто од регистрираните 2.075 гласачи, потврдија претседателите на општинските изборни комисии.

Според Минир Жута, претседател на ОИК Струга, освен проблемите со апаратите за отпечаток, кои се појавиле на почетокот на гласањето, други нарушувања немало.

Гласањето тече мирно во сите 101 избирачко место. Сабајле имаше проблеми со апаратот за отпечаток, но тоа е надминато, изјави Жута, потенцирајќи дека не се регистрирани агитирања на избирачките места.

Мирен изборен ден, како што информира претседателката на ОИК Менка Кукоска, има и во Вевчани. Во оваа општина се гласа на три избирачки места, каде на почетокот од изборниот процес имало ситни проблеми со апаратите за отпечаток, но, според неа, за кратко биле надминати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.