До 14 часот во поликлиниките на територија на Град Скопје се вакцинирани вкупно 371 дете, соопшти Министерството за здравство.

Состојбата на пациентите кои се заболени од морбили, како што се посочува, е стабилна, во моментов се утврдува клиничката и лабараториска слика за уште едно дете, за кое лекарите се сомневаат дека има мали сипаници или морбили.

Министерството за здравство апелира до сите родители да ги вакцинираат децата со МРП вакцина. Од денеска е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје.

Од денеска се воведува и втора смена во поликлиниките, каде се врши вакцинација, односно вакциналните пунтови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“ ќе работат до 19 часот.

Од Министерството за здравство соопштуваат дека дека МРП вакцината е висококвалитетна, производител е компанијата GlaxoSmithKline од Белгија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.