Драги луѓе, со оглед на вчерашната природна катастрофа, пожарот кој ги затекна велешани и им приреди огромен стрес, а воедно и им исече голем дел од “БЕЛИТЕ ДРОБОВИ” на градот, ние како ДНК (Панчо, Андреј, Лазар ) сакаме да донираме скромни 6. 000 денари (не сме Леонардо Ди Каприо, толку ни дозволува буџетот) за обновување и пошумување на изгоренот предел. Воедно, сакаме да ги поттикнеме сите наши колеги и совесни сограѓани за помош, пишува групата ДНК на својот официјален ФБ профил.

Како нација секогаш сме први да помагаме на другите соседи и држави (БРАВО, така треба), но некако нашето најмалце си го цениме и чуваме. Затоа јавно ги повикуваме сите добри луѓе, да донираат на било каков начин да им се помогне на велешани и да им се вратат ”БЕЛИТЕ ДРОБОВИ” и да се избегнат други лоши консеквенци, кои не дај боже удираат по нивното здравје, додаваат од ДНК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.