ДКСК на денешната седница и препорача на Владата да ја преиспита одлуката за именувањето на Башким Хасани од редовите на ДУИ за в.д. заменик-директор на Управата за финансиска полиција на местото на Берат Дехари на кого му истече вториот четиригодишен мандат на функцијата и да се спроведе процедруата како што е пропишано.

До комисијата, како што посочија, стигнала претставка за експресно именување в.д. директор на Управата за финансиска полиција по што биле побарани податоци од Владата.

По проверката на информациите ДКСК заклучи дека не била почитувана процедурата претходно да се објави јавен оглас во најмалку три дневни весници, од кои еден на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто. Сметаат дека Владата имала доволно време да го објави огласот зашто знаела дека му истекува и вториот мандат на претходниот заменик-директор и оти институцијата можела непречено да функционира бидејќи имала директор и не било неопходно експресно да се назначува негов заменик. Комисијата заклучи дека не се почитувани пропишаните процедури со кои се обезбедува трансапрентен и фер избор на раководна позиција и побара да се преиспита ова одлука и да се спроведе процедурата како што е пропишано.

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) му даде насоки на офицерот за интегритет во Генералниот секретаријат на Владата, кој веќе функционира согласно препораките на ГРЕКО, да ги потсети избраните, именуваните и вработените во јавниот сектор на обрските што ги имаат за време на изборниот процес.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска порача дека се почесто во изминатите денови се забележува промовирање и најавување на градежни и други активности кои, како што рече, не се забранети со Изборниот законик, но на одреден начин влијаат врз гласачкото тело.

Со цел да се отстрани сомнежот за итегритетот на целиот изборен процес неопходно е да се обезбеди транспарентност во функционирањето на централната и локалната власт и затоа ги повикувам сите оние што веќе имаат донесено програми и планови за кои имаат обезбедено буџетски средства транспарентно да си ги објават на своите веб-страници за да се обезбеди видливост на целиот процес – потенцира Ивановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.