Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) му даде насоки на офицерот за интегритет во Генералниот секретаријат на Владата, кој веќе функционира согласно препораките на ГРЕКО, да ги потсети избраните, именуваните и вработените во јавниот сектор на обрските што ги имаат за време на изборниот процес.

Имајќи ја во предвид превентивната улога на ДКСК, а во насока на обезбедување на фер и демократски изборен процес ги потсетуваме избраните, именуваните и вработените во јавниот сектор на обврските кои произлегуваат од Изборниот законик и од Законот за спречување корупција и судир на интерес и двете упатства за начинот на постапување на министерствата, органите на државната управа и управните организации за време на одржувањето на изборниот процес, како и за забрана за користење на движни и недвижни ствари во државна сосптвеност за време на избори, кои се донесени во 2017 година. Исто така, му препорачавме на офицерот за интегритет во Владата да ги потсети избраните, именуваните и вработените во јавниот сектор да ги користат двете упатства и да ги објават транспарентно на нивната веб-страница, рече претседателката на ДКСК Бијлана Ивановска пред почетокот на денешната јавна седница на Комисијата.

Таа нагласи дека се почесто во изминатите денови се забележува промовирање и најавување на градежни и други активности кои, како што рече, не се забранети со Изборниот законик, но на одреден начин влијаат врз гласачкото тело.

Со цел да се отстрани сомнежот за итегритетот на целиот изборен процес неопходно е да се обезбеди транспарентност во функционирањето на централната и локалната власт и затоа ги повикувам сите оние што веќе имаат донесено програми и планови за кои имаат обезбедено буџетски средства транспарентно да си ги објават на своите веб-страници за да се обезбеди видливост на целиот процес, потенцира Ивановска.

ДКСК на денешната седница и препорача на Владата да ја преиспита одлуката за иманувањето на Башким Хасани за в.д. заменик-директор на Управата за финансиска полиција на местото на Берат Дехари на кого му истече вториот четиригодишен мандат на функцијата и да се спроведе процедруата како што е пропишано.

До комисијата, како што посочија, стигнала претставка за експресно именување в.д. директор на Управата за финансиска полиција по што биле побарани податоци од Владата.

По проверката на информациите ДКСК заклучи дека не била почитувана процедурата претходно да се објави јавен оглас во најмалку три дневни весници, од кои еден на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто. Сметаат дека Владата имала доволно време да го објави огласот зашто знаела дека му истекува и вториот мандат на претходниот заменик-директор и оти институцијата можела непречено да функционира бидејќи имала директор и не било неопходно експресно да се назначува негов заменик. Комисијата заклучи дека не се почитувани пропишаните процедури со кои се обезбедува трансапрентен и фер избор на раководна позиција и побара да се преиспита ова одлука и да се спроведе процедруата како што е пропишано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.