До Државната комисија за спречување на корупцијата доставена е пријава од познат подносител против лицето Коста Петров, поранешен директор на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), велат во изјава за „Локално“ од ДКСК.

Оттаму појаснуваат дека по поднесената пријава е оформен предмет и истиот е распределен за работа на член на Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно со Деловникот за работа на ДКСК.

Според „Локално“, станува збор за средства дадени за издавачкиот центар ТРИ ДООЕЛ за проект наменет за едукација за кој вкупниот буџет изнесува 7.249.159 денари, сопствено кофинасисрање е 2.174.747 и ФИТР кофинансирање – 5.936.000 денари.

Конфликтот на интереси е во фактот дека тие ги издаваат неговите книги.

Петров во изјава за „Локално“ вели дека не е запознаен дека против него се подготвува случај и тврди дека не склучил договор за доделување на финансиски средства со таа издавачката куќа.

Не сум запознаен дека од страна на Државната Комисија за спречување корупција е отворен предмет за било какво мое постапување.Понатаму, во врска со Вашите наводи, би сакал да Ве информирам дека во време на вршење на мојата функција како Директор на Фондот за иновации и технолошки развој не сум донел Одлука за финансирање на проект ниту сум склучил договор за доделување на финансиски средства со издавачката куќа ТРИ, вели Петров за „Локално“.

Книжарница ТРИ има добиено средства и во 2018 година за проектот за електронска платформа за книги: Сопствено кофинасисрање 3.367.881,45 денари, ФИТР кофинансирање 6.119.108,55 денари, вкупен буџет 9.486.990,00 денари, во време кога на чело на Фондот бил Јован Деспотовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.