Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 34. седница на чиј дневен ред е постапувањето по приговори доставени од учесници во изборната кампања за претстојните предвремени парламентрани избори.

Комисијата ќе го разгледа приговорот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ преку овластениот потписник Игор Јанушев.

Имајќи ги предвид препораките на Владата за спречување на ширењето на КОВИД-19 и немањето соодветни услови, седницата ќе се одржи без присуство на медиуми, но во живо ќе може да се следи на линкот https://us02web.zoom.us/j/84541056980.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.