Акцијата за уривање дивоградби во Охрид продолжи утрово, со уривањето на објектот на улицата „Марко Нестороски“, односно куќата која ја гради фирмата на Нефи Усеини, а каде претходно беа уапсени работниците.

Но, во текот на викендот во дворот на куќата, кој е единствен пристап за екипите кои уриваат, со цел да се попречи акцијата беше паркиран камион, па утрово полицијата одреден период за сообраќај ја затвори улицата „Марко Нестороски“, пренесува „Охрид 1“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.