Судијата Огнен Ставрев побарал од Адвокатската комора поведување на дисциплинска постапка откако адвокатот Мерџан Даути побара од судот на албански јазик да се преведе целиот предмет за случајот „ТНТ“. Ставрев смета дека адвокатот сакал само одолговлекување на постапката.

Ова е злоупотреба на правото од страна на адвокатите, за одоговлекување на постапката, бидејќи се изведени голем број на докази и таа е во фаза на окончување, рече судијата Ставрев.

Тој посочи дека судењето ќе продолжи во фазата каде што е стигната, а отсега адвокатот ќе добие симултантен превод на рочиштата, но нема да бидат преведени материјалите кои досега биле изведени на околу 40 судски рочишта.

Од Адвокатската комора го известиле судијата дека ќе се поведе дисциплинска постапка против адвокатите.

Адвокатот Даути во изјава за медиумите истакна дека тој се повикува на Законот за употреба на јазиците и дека му биле прекршени правата што и на денешното рочиште немало повикан преведувач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.