Директорот на затворот во Шутка, Филип Андов, откако адвокатите на бизнисменот Јордан Камчев денеска повторно се пожалија дека утрово имал спојување на притисоците, вели дека тој немал висок притисок, а лековите од хроничната терапија му се даваат редовно.

Директорот на Шутка вели дека Камчев бил прегледан од доктор и дека немал никакви здравствени нарушувања, а притисокот му бил со нормални параметри.

Поради ова, не му била дадена никаква дополнителна терапија.

Андонов ги демантираше и обвинувањата дека Камчев бил лекуван со сол и газирана вода, како што тврдат неговите адвокати.

Ново влошување на здравјето на Камчев, во затворот го третираат со сол и газирана вода – Република (republika.mk)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.