Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип Иван Јорданов преку статус на Фејсбук прашува зошто граѓаните на Штип денес добија неточна и задоцнета информација за бројот на новозаболени?

ЗОШТО граѓаните на Штип денес добија неточна и задоцнета информација за бројот на новозаболени?
Во интерес на јавното здравје должни сме да ги информираме граѓаните за следново:
Во денешна контактна емисија за регионален медиум, директорот на Клиничката болница Штип, потврди дека денес во Штип се евидентирани 14 новозаболени пациенти.
Неколку часа подоцна, на официјалната страна на Министерство за Здравство е објавен податок од само еден новозаболен во последните 24 часа.
До нас стигаат информации дека во градот се појавени повеќе кластери на заразени со корона вирус. Бројката на заразени на дневна основа веќе брои над десетици лица и истата континуирано расте. Бидејќи властите се неодговорни кон јавното здравје ги прашуваме.
Зошто упорно ја сокриваат реалната слика за состојбата во град Штип играјќи си со здравјето на граѓаните ?
Зошто власта води политичка кампања во услови на висок здравствен ризик за граѓаните?, прашува Јорданов.

❓ЗОШТО граѓаните на Штип денес добија неточна и задоцнета информација за бројот на новозаболени?

‼️ Во интерес на…

Posted by Иван Јорданов on Tuesday, 2 June 2020

 

И Дарко Костовски на својот Фејсбук профил сподели статус во кој пишува дека Заев и СДС се обидоа да ја сокријат бројката на заразени лица од Ковид-19.

Денеска Заев и СДС се обидоа да ја сокријат бројката на заразени лица од COVID 19, па за прв пат бројката беше истакната доцна во 19:30 часот се со цел да не биде дневна тема за народот да види колку е сериозна состојбата во државата.
Очигледно Заев и СДС прават се за да има избори, здравјето на граѓаните им е најневажната работа која е во нивната перцепција.
Денеска повторно рекордери на Балкан по заразени лица 76, стои во неговиот пост на Фејсбук.

 

Денеска Заев и СДС се обидоа да ја сокријат бројката на заразени лица од COVID 19, па за прв пат бројката беше истакната…

Posted by Дарко Костовски on Tuesday, 2 June 2020

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.