Ветингот што го бара ДУИ час поскоро да почне да го спроведува во своите редови. Коалицискиот партнер на СДСМ во владата несомнено треба да изврши проверка на досиејата на своите функционери, па да бара проверка на досиејата на другите именувани функционери, зашто вака како што е сега, како што објавуваат медиумите на албански јазик, самата го крши правилото јавни функции да можат да вршат само луѓе без полициски или затворски досиеја.

Според медиумите на албански јазик пример за тоа е актуелниот директор на дебарската гимназија Рамадан Имери, кој е поранешен затвореник и осуденик за трговија со дрога.

Имери бил осуден и лежел затвор за продавање дрога, а сега е прв човек на образовна институција во која учат стотици деца, јавува порталот на албански јазик informohu24.com

Според порталот aktuale.mk Имери лани во ноември бил назначен и за шеф на штабот на ДУИ на референдумот за промена на името.

Тој според партиски извори важи за близок на раководството на партијата.


Повеќе на informohu24.com

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.