Аднан Џафероски, член на Извршниот одбор на СДСМ и директор на Дирекцијата за заштита и спасување не се засити од „смртта за вмровците“, па откако сме добиле „држава“, се јави со нова скандалозна порака во јавноста.

Сега имаме ДРЖАВА, ред е да се исчисти од фашизмот и фашистите, пишува Џафероски кој не објаснува кои се фашистите во Македонија.

Но, со оглед на тоа дека Џафероски си има исторја со повици на насилство кон опозицијата, не зачудува ако бара „чистење“ на опозицијата, што подразбира убиства, протерувања, прогон и насилство врз луѓе кои за Џафероски се фашисти во Република Македонија.

Јавното обвинителство му прогледа низ прсти на директорот на СДСМ кога побара смрт за вмровците.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.