Директорот на ЈП Камена река од Македонска Каменица, Влатко Андоновски попладнево на својот фејсбук-профил објави дека е позитивен на ковид-19.

Чувствувам одговорност да Ве информирам дека по направениот тест за Ковид 19 сум позитивен. Во сабота имав одредени симптоми по што во разговор со матичниот лекар одлучивме да се тестирам, за жал излезе позитивен, следуваат денови на изолација и борба која заедно со мојата фамилија знам дека ќе ја добиеме. Останете во добро здравје и почитувајте ги мерките, напиша Андоновски.


Претходниот ден Андоновски се сретна со премиерот Зоран Заев, министерот Венко Филипче, новиот вицепремиер, Љупчо Николовски и други владини функционери кои го посетија малото рударско гратче на Денот на рударите. Андоновски за „Фокус“ потврдил дека бил на настаните, но вели дека биле на отворено, почитувајќи ги мерките и протоколите, на соодветна дистанца и без физички контакт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.