Директорката на Универзитетската клиника за дерматологија примариус д-р Нина Цаца Биљановска била две недели на скијање во Италија, во престижниот скијачки центар Алта Бадија каде што се одржуваат натпревари во алпско скијање во Светскиот куп.

Таа е четвртиот пациент со коронавирус во Македонија и од денеска се наоѓа на Инфкетивната клиника во Скопје, со лесна клиничка слика.

Инаку таа е сестра на судијката Маргарита Цаца Николовска.

Денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конфренција изјави дека е разочаран од нејзиното однесување.

Таа во саботата одржала и предавање на стотина колеги кои учествувале на стручното предавање на тема „Дермоскопија немеланомски карциноми на кожа“ во ресторанот „Рагуса 360“ во Скопје. Меѓу нив имало и странци.

Лекарката на работа била веќе една недела. Клиниката за дерматологија во Скопје е целосно затворена, целиот медицински персонал е веќе во изолација, се вршат тестирања, пациентите кои можат да го продолжат домашното лекување се дома, а оние кои не можат, се префрлаат во други здравствени установи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.