Директорката на Клиниката за кожни болести, д-р Нина Цаца Биљановска, назначена од СДСМ на оваа позиција има основа да одговара и кривично за загрозување на здравје и заразни болести.

Денеска министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека таа е четвртиот пациент заразен со коронавирус во Македонија. Таа се однесувала неодоговорно, била во ризично подррачје, во Италија и не ги следела протоколите. По враќање од Италија не била дома во изолација, туку одела на работа пет дена. Во меѓувреме одржала и предавање на кое имало стотина лекари.

Во Кривичниот законик, во делот кривични дела против здравјето на луѓето, во член 205 кој се однесува на пренесување заразна болест пишува:

Тој што со кршење на прописи или наредби со кои надлежен орган определува прегледи, дезинфекција, издвојување на болни или некои други мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето или со вработување или држење на лице кое боледува од заразна болест со вршење на полово дејствие или на друг начин, предизвика пренесување на заразна болест, ќе се казни со парична казна или со затвор до три година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.