По нашите укажувања, директорка на градинка во Ресен си даде оставка, објави на Фејсбук заменик министерката за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска Стојковски.

Откако градоначалникот на Ресен не можеше да ја смени директорка на градинката во Ресен, поради важечкиот мандат иако неколку пати проба тоа да го направи бидејќи не сакала да им пушти незаконски огласи за вработување, по истекот на нејзиниот мандат, постави директорка со средно образование без исполнување на ниеден критериум за директор. Истата директорка, по партиска насока распиша незаконски огласи, напиша Стаменковска Стојковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.