Професорката Весна Јаневска упати неколку прашања до министерката за образование и наука Мила Царовска, кои, како што потенцира, заслужуваат одговор и акција:

1. Знае ли дека во училиштето „Ристе Рисрески Ричко“ во Прилеп до задвчера (денес е недела) сè уште не се поделени свидителства затоа што директорката не ги потпишала? Во училиштето се работи ден за ден по распоред кој по правило се соопштува навечер после 21 часот. Директорката Биљана Трајковска им препорачува на родителите да се снајдат со интернет.

2. Знае ли дека директорот Зоран Трајанов од училиштето Страшо Пинџур во Карбинци, уценувал и 3 години психички злоставувал наставничка?

3. Знае ли дека ниту една обврска која таа ја делегира на училиштата не се остварува? Нема печатење учебници, нема таблети, нема интернет, има ароганција и непочит.

4. Знае ли дека само во едно училиште во Волково има 5 болни наставници?

5. Знае ли дека во едно училиште сопругот наставник лежи болен дома, а сопругата исто така наставничка, нетестирана, без симптоми оди на работа?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.