Нов дипломатски скандал го тресе Министерството за надворешни работи, предизвикан од кадрите на Никола Димитров. Вршителот на должност во македонската амбасада во Загреб, Назиф Џафери, физички го нападнал третиот секретар Башким Мисими, нанесувајќи му телесни повреди, пишува „Вечер“.

Според „Вечер“, нивното меѓусебно нетрпение за кое веќе подолго време сведочи македонската дијаспора во Хрватска, кулминирало со тепачка во просториите на дипломатско-конзуларното претставништво, за што имало и сведоци.

За ваквиот срамен инцидент набрзо се дознало и во дипломатскиот кор во Загреб, но и во хрватското МНР каде се шокирани од однесувањето на македонските дипломати и начинот на кој ја претставуваат државата.

Министерството за надворешни работи се обидува да ја сокрие оваа нова бламажа од јавноста, за да не му наштети на рејтингот на министерот Димитров, чие кадровско решение е првиот човек во амбасадата, Назиф Џафери.

Изминатите три години, серија инциденти фрлија огромни дамки врз македонската дипломатија, почнувајќи од тепачки, финансиски малверзации, па се до обиди за поставување амбасадори со двојни државјанства и лица со криминални досиеја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.