Во партијата немаше одлука за поддршка на движењето за „За заедничка Македонија“ истакна поранешниот пратеник Илија Димовски на денешното рочиште во врска со настаните од „27 април“. Тој вели дека бил кооридинатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и оти добро му е познато како треба да се одвива една конститутивна седница. На кооридинаците заедно со претсавници на другите партии присуствувал и Трајко Вељановски.

На една од тие координации пред првата конститутвната седница немало договор за комисијата за избори и именувања која требаше да предложи кандидат за претседател на Собранието. Несогласувањето било за тоа кој да претседава со таа комисија.

Првата констититутивна седница на 30.12 2016 година заврши со две точки исто како и седницата со која беше избран овој парламентарен состав.

Како тогашен член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ вели дека немало некаква одлука околу движењето За заедничка Македонија ниту пак официјален став.

Сме разговарале за тоа прашање но официјален став немаше. Сме разговарале за многу теми но одлука немаше, убедува Димовски.

За констутутивната седница вели дека продолжила во март 2017 година кога веќе било извесно дека ќе има парламентарно мнозинство.

Тогаш се дошло до договор за формирање за поголем дел од комисиите. Димовски вели дека има јасни правила кој пратеник кога има право да се пријави за дискусија и кога да се откаже.

Тој потврди дека претседавачот Вељановски неколкупати апелирал до пратениците да се откажат од правото на дискусија и за меѓусебно разбирање меѓу пратеничките групи.

Димовски говореше и за членот 78 став 2 од Деловникот.

Таа точка од Деловникот никогаш не се применила на таков начин како што бараше парламентарното мнозинство.Тоа би значело влетување во друга точка, а не измена и преоѓање на друга точка. Затоа сме останувале на седница и до четири изутрина, објасни Димовски.

Координација со претседавачот имале и на 27 април и тој ден се наликувало дека ќе биде како претходните посебно по дописот на пратениците на СДСМ Собранието да продолжи следниот ден.

Пред завршувањето на седницата Мукоски ја испеа македонската химна па потоа Ибраими албанската химна и седницата заврши во 18 часот. Мојот впечаток беше дека нема ништо да се случи.Но ги слушнав пратениците од СДСМ да останат во салата па останавме и ние да видиме што ќе се случи. Постоеше набој кај сите но сите повикувавме за смирување на состојбата за да не ескалира, објасни Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.