Остајте го Заев нека си раскажува приказни за Бугарија…
Никој во Бугарија сега ниту се занимава, ниту сака да се занимава со Македонија…, пишува членот на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски.

Луѓето имаат избори на 14 ноември и за Собранието и за Претседател…
На дневна база се менуваат рејтинзите на партиите, згаснуваат стари, се појавуваат нови партии…
Хаос е во Софија и никој не се занимава со нас, ниту има простор да разговара или преговара, најмалку да прифати компромис со Македонија…
Владата е спремна да најави соработка со Марс и Нептун, само да не се зборува за Тетово и другите скандали…
Затоа, оставете го Заев нека си зборува за Бугарија…, пишува Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.