Македонската партија што ќе влезе во коалиција со блокот албански партии, ќе си потпише капитулација на зелен терен и таа Влада ќе трае до локалните избори догодина, кога ќе има предвремени парламентарни, заедно со локалните, пишува на фејсбук новинарот Саше Димовски.

Според него услов ЗА таа Влада ќе биде да се потпишат сите можни договори со Бугарија за да не не блокира со ЕУ, „а демек, полесно ќе биде тоа да го направи премиер Албанец, во надеж дека македонските партиски лидери ќе останат невини“.

Димовски вели дека Владата ќе ја составуваат Германија и Франција, набљудувачине од Кале овој пат ќе бидат навистина само посматрачи! До следните избори дветте партии ќе имаат нови раководства, преку предвремени конгреси. Многумина ќе имаат желба да се лидери, како Митко Јанчев на пример, но, секогаш, првите кутренца се фрлаат у вода….Затоа, нека му е на здравје одморот на Заев, кој вика ќе правел Влада, а јас викам, кој и да потпише партнерство за Влада, потпишува капитулација. ШУ ВИКАТЕ; ЗВУЧИ ШАШАВО? Ама, јас викам дека ќе функционира!

АЈ да си играме политичка математика: ВЛАДА ЌЕ ПРАВИ АХМЕТИ, СО ЗИБЕРИ ПРЕМИЕР, ни Мицковски ни Заев! Македонската…

Gepostet von Лошото Хуго am Samstag, 18. Juli 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.