Десетици големи бизнисмени се рекетирани во Македонија од истата екипа. Не сите имаат пријавено во обвинителство затоа што не веруваат во обвинителството, но сите имаат пријавено во странските амбасади. Сите тие, барем клучните амбасади во Македонија ги имаат тие информации кои се бизнисмени колку пари и кому имаат дадено, изјави Илија Димовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во Клик Плус на ТВ 21.

Димовски посочи дека бизнисмените не веруваат во обвинителството затоа што откако СДСМ е на власт тоа е мртво за истраги кои се поврзани со СДСМ.

Она што е резултат од последниве три години е што нема ништо, никаква истрага за десеттина предмети. Некои од нив се тендери во здравство, во Фонд за здравствено осигурување, неправилности и делење пари на блиски преку Фонд за иновации, Рекет и многу други. Има десеттина предмети од последниве година – две за кои јавното обвинителство е мртво, потенцираше Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.