Кажете ми што ќе стави на гласање претсњдтелот Џафери? Никогаш не се случило друго нешто да биде ставено на гласање, да има измени, но нема предлози, ова на денешната собраниска седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања го истакна пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Замислете јас како претседател на комисија да распишам постапка и се пријават пет кандидати за едно место и сите пет кандидати имаат по два гласа во комисијата и јас тоа го констатирам и велам не е извршено избор заради тоа што петте кандидати добија по два гласа, претседателот на таа комисија нема да го стави воопшто како точка, нема да дојде ни до расправа затоа оваа седница е чудна работа и неприфатлива работа, Ако се држи до словото на Деловникот и до воспоставената правна пракса господинот Џафери треба да ја донесе ситуацијата до иронија и да каже: „Го ставам на гласање фактот дека комисијата не зазема став по барање за одобрување на притов“. Ако се гласа „ЗА“, не знам што значи истото не би знаел што ќе значи гласот „против“, додава Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.