Секоја одложена седница значи спасување на Јанева и прикривање на рекетот смета пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, кој на „Твитер“ го повика претседателот на Собранието под итно да ја закаже седницата за разрешување на специјалната обвинителка.

Талат Џафери треба итно, за денес, да ја свика седницата за разрешување на Катица Јанева, за да има време Советот на Јавни обвинители да ја донесе конечната одлука.

 

Секое одложено закажување на седница за утре значи спасување на Катица Јанева и прикривање на рекетот и уцените, напиша Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.