СДСМ се посветила на битка против лажните вести, изработиле дури и план за како да се борат со нив. Зошто Владата, иако и тоа е дискутабилно, не го прави овој план, туку СДСМ, немаме одговор, велат од „Алфа“. Од владејачката партија не одговориле на телефонските повици на телевизиските новинари за да објаснат на кој начин ќе се проверува што е лажна вест, но портпаролката Богданка Кузевска во пресот не заборави да напомене дека наводно медиуми блиски до опозицијата ширеле лажни вести.

Тенденциозниот план на СДСМ, според новинарот Саше Димовски е обид партијата да се изедначи со државата и е класично мешање или замолчување на медиумите.

Тоа би изгледало вака: Кога би се објавила било каква информација за темите за кои веќе ги посочија, а тоа е веројатно ковид кризата, владините реформи, НАТО системот или локалните избори кои треба да се случат 2021 година , ние во текот на денот ќе се соочиме со серија на произведени вести од машинеријата на СДСМ кои ќе викаат „лажни вести , лажни вести” и преку нивните таканаречни ботови или проверувачи на факти, ќе ги споделуваат на социјалните медиуми, вели Димовски.

Димовски вели дека во секое нормално демократско општество демантот е единствената работа која може да се испрати до медиумот и тоа од страната која е засегната, а не да се креира стратегија за замолчување.

Ние во оваа ситуација сега ќе се доведеме да имаме нетранспарентни функционери кои нема да даваат изјави, нема да се појавуваат во медиуми кои критички ја опсервираат нивната работа и вие кога ја немате едната страна веднаш ќе се појавата тие поверувачи на факти кои на социјалните мрежи ќе заплиснуваат дека станува збор за медиуми кои се непрофесионални и на тој начин ќе ги девалвираат и замолчуваат критичките медиуми не давајќи им простор да истражуваат бидејќи секогаш едната страна во случајот владејачката СДСМ нема да се појавува ниту на дебати, ниту ќе одговара на изјави на прашања на новинари кои се критички кон нив и затоа ќе ја добиеме оваа партиска машниерија што е страшно. Владејчката СДСМ влегувајќи во устата на Владата покажа дека овде не станува некаква демократија , туку за вистина која ќе биде само по волја на владејачката партија, рече Димовски за „Алфа“.

Дали ваквиот партиски план за борба за лажни вести ќе ги опфаќа и функционерите од власта кои шират лажни вести , а не само критичките медиуми чија вистина на власта не и одговара, останува отворено прашање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.