Во 20 месеци Државната видеолотарија направила не еден, туку два тендери за набавка на коцкарски апарати, откри пратеникот Илија Димовски.

Првиот пат на 16.04.2018 за
7.422.200 €.

 

Вториот пат на 02.01.2020 за
6.548.500 €.

 

Вкупно оваа државна фирма потрошила
13.970.700 € за коцкарски апарати, објави Димовски.

Јавноста остро реагираше на тендерот за коцкарски апарати склучен на 2 јануари, само ден пред форирањето на техничката влада, кога е забрането да се склучуваат вакви договори. Државната видео лотарија на Македонија склучила договор за набавка на 1.500 апарати со компанијата „Евро Гамес Технологи“, со седиште во Софија, Бугарија.

Истата компанија била задолжена за набавка на видеолотариски терминали по договорот склучан на 16 април 2018-тата.

Во Собранието, повеќе од една година се одолговлекува Законот за игрите на среќа. Од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинуваат власта дека наместо да работи на ограничување на бројот на обложувалници и казина, таа купува апарати за коцкање.

Според неодамнешната изјава на поранешниот директор на Лотарија Дане Кузмановски, ако 6,5 милиони евра од оваа компанија не завршеа на апарати за коцкање, ќе завршеа во државниот буџет, бидејќи државата е сопственик на 51 отсто од Лотарија. Тој рече дека 6,5 милиони евра за 1.500 нови апарати ќе се потрошат за замена на старите со нови апарати за кoцкaњe.

Вики Чадикова, пак, маркетинг менаџер во Лотарија, во изјава за медиуми рече дека не станува збор за пари од државниот буџет, туку од заработката на Лотарија.

Кpитиките на пpaтениците се лaжни вecти за пoлитички цeли, кажа Чадикова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.