Цело време бевме осудувани за тоа што го зборувавме за СЈО, до пред два месеци, кога се излезе на виделина. Ајде да почекаме, да видиме, може уште нешто ќе излезе, да не се доведеме во ситуација во која со Мухамед Зекири ќе зборуравме за цела влада како што зборуваме сега за СЈО, ајде полека, изјави во вечерашната дебата на 24 вести пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Кога ќе се најде заедничко решение, тогаш ќе имаме договор за новото Јавно обвинителство. Преговорите се уште не се завршени, целта е постигнување на договор во интерес на правдата. ВМРО-ДПМНЕ бара обвинител кој ќе ги амнестира криминалците и криминалите на поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, што е целосно неприфатливо, посочи потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири и пратеник во Собранието на РСМ во емисијата 24 Анализа на ТВ 24.

Кои истраги, оние кои ги користевте за уцени на политичари – праша Димовски.

– Кого сме уценувале?

– Мене… мене лично. 15 пратеници од ВМРО се предмет на уцена.

– Не се предмет на уцена, се предмет на истрага, изјави Зекири.

– Со директна уцена, одговори Димовски.

– Излезете кажете кој и за што ве уценуват, посочи Зекири.

– Полека…има време, одговори Димовски.

Дали сте ги уценувале пратениците од опозицијата преку предмети во СЈО?

– Апсолутно не, вели Зекири.

– Најмалку 15, посочи Димовски.

Во моментов во притвор и под истрага се наоѓа еден обвинител од СЈО. Не може вината да ја префрламе на целата институција. Ако некој се огрешил, вината е индивидуална. И на тоа треба да се задржиме. Може да ти е роден брат, ако се огреши, треба да одговара, но другиот брат не е виновен за тоа. На ВМРО најмногу му сметаше СЈО, заради криминалите на претходната власт. Не знам зошто имаат против да се формира јавно обвинителство кое ќе се бави со евентуални криминали на сегашната власт. Тоа нема да се навраќа назад, да ги гледа тие случаи, а може и да се навраќа, немаме ништо против, посочи Мухамед Зекири.

Зошто само Империја го гледате како дел од Рекет, најмалку уште два големи предмети, каде има и други обвинители (не само Катица Јанева) се или ќе бидат доведени во прашање во следниот период. Најмалку за уште два предмети на СЈО има јавни тврдења дека се злоупотребени. Никој од тие два случаи не е повикан на разговор, а тоа е работа на јавното обвнителство, посочи Илија Димовски.

– Ако има докази, нека отворат истраги, за првиот случај пријави премиерот, изјави Зекири.

– Пак ли снимки да се достават, зошто не викнат некого по допрен глас – праша Димовски.

– Ние им даваме апсолутна поддршка да ги расчистат сите сомневања, посочи Зекири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.