Изјавата на Љупчо Зиков за една од најпознатите претстави „Македонска крвава свадба“ ги запали социјалните мрежи, а го инспририраше пратеникот Илија Димовски да му одржи кратка лекција по историја на аналитичарот.

Македонска крвава свадба е драма, прв пат поставен на сцена во Софија.

 

Текстот е на Војдан Чернодрински. Најавена и поставена на македонски јазик, што државата Бугарија не го одобрувала.

 

Токму одржувањето на премиерата е обезбедувана од Борис Сарафов и четници на ВМРО –  напиша Димовски на Твитер.

Претходно, Богдан Илиевски, им се извини на сите свои следачи на Твитер поради својата последна објава, двеминутно видео од аналитичарот Љупчо Зиков кој изнесе скандалозни тврдења во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.