За време на протестот пред Владата под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“, Љупчо Димовски,  порача дека пред Македонија има сериозен долгогодишен проблем кој оваа Влада ниту знае како, ниту умее да го реши.

Културата и јазикот не може да се предмет на преговори. Предавството на Македонија, на се што е македонско за сопствени интереси, можат да го направат само Заев и само неговиот Димитров. Сега и специјалниот претставник Бучковски – изјави Димовски.

Според него, бугарските барања не се намалуваат, а Заев, пак, се обидува да ни наметне нешто неприфатливо, не тера на неприфатливи отстапки.

Димовски посочи дека за вакво прашање никој не може да одлучува сам, за вакво прашање мора да има консензус.

Сведоци сте дека власта бега од дијалог, бега од Собранието. Ние мора да ги обележиме црвените линии. Компромиси не смее да има за јазик, за идентитет, за култура, никој нема овластување за такво нешто. Во решавање на вакво прашање јасно е дека треба да се вклучени сите, да се изгради консензус – порача Димовски.

Димовски порача дека оваа ненародна Влада мора да се урне и додаде дека Македонија е над се и над сите и затоа треба да се избориме за нашата македонска иднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.