Многупати можев да заминам, но не заминав, зошто ја сакам оваа земја, започна со својот говор Илија Димовски, на изборот за кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Димовски се осврна на главните проблеми на народот во Македонија и како ќе работи на нив.
Ќе се заложам за стратегија со која ќе ја променам катастрофалната состојба со миграцијата од Македонија. Ќе работам на решенија за наталитетот, зошто има многу немажени и неженети лица, порача Димовски.
Како еден од најгорките проблеми, според него е разурнатото образование.
Реформи во високото, средното и основното образование мора да има, не може 50 отсто од населението да е неписмено, а други да купуваат дипломи, порача Димовски.
Тој порача и дека доста е Македонија да биде преставувана во светот од неискусни дипломати.
Ќе отвориме Академија за дипломати, за честито, со знаење и городст да ја претставуваат Македонија во светот, рече Димовски.
Димовски порача дека доста ќе се вложи за да се поправи народното правобранителство. Исто така, ќе работи на решенија за многу запустени објекти, жртви од транзиционото време, кои ќе бидат обновени и ставени во корист на граѓаните и државата.
Особено ќе се работи на подобрување на состојбата во здравството, порача Димовски.
За него најгорлив проблем е разидувањето на нацијата, која е поделена како никогаш досега.
Прва работа што ќе направам е што ќе превземам чекори за овој проблем да се надмине, да се почитуваме еден со друг и заедно да работиме за Република Македонија, рече Димовски.
За крај посака да победи ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија.
За мене била и ќе остане Република Македонија, рече Димовски пред 523 делегати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.