Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски во вечерашната дебата со Мухамед Зекири на „Топ тем“ рече дека излезноста во шесте изборни единици оди во прилог на неговата партија.

Во места каде ВМРО-ДПМНЕ има традиционална поддршка има висока излезност,  рече Димовски.

Реплицирајќи кон соговорникот, тој додаде дека иако излезноста во 3 и 4 ИЕ е пониска во споредба со претходни изборни циклуси, сепак, факт е дека е повисока во однос на другите ИЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.