Влегуваме во нова, целосно сива зона, од која тешко ќе се излезе, бидејќи сега проблемот не е само Специјалното јавно обвинителство, туку тој навлегува во сите пори на правосудниот систем, рекоа во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на „Канал 77“ новинарот Саше Димовски и адвокатот Александар Бежовски.

Димовски потврди дека разговарал со Рускоска која ја потврди автентичноста.

Пред малку разговарав со обвинителката Вилма Рускоска. Таа потврди дека публикуваниот во јавноста записник од исказот на Орце Камлев е автентичен. Била објавена негова копија, а оригиналот останал во Обвинителството. Копијата, пак, бил доставена во Кривичниот суд, па се претпоставува дека документот е излезен оттаму. Исказот на Камчев во наредните денови мислам дека ќе отвори и серија други постапки – рече Димовски.

Според адвокатот Бежовски, пак, СЈО ќе се одржува вештачки додека не се најде политичко решение од ќор-сокакот во кој западнаа и СЈО и македонското судство.

Целиот случај, значи „бомбите“ почнаа да ја компромитираат, а потоа и ја урнаа претходната влада, а сега „Рекет“ ја компромитира како Владата, така и целото македонско правосудство. Пластично – олигархот, кој парите можеби успеал да ги направи преку манипулации со судството претходно, сега успеа да ни’ го донесе како на тацна и пластично да ни’ објасни како функционира таа корупција – истакна Александар Бежовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.