Друже Стево, кажи му на прецедникот дека многу ме разочара! Дозволи влашкото лоби во СДСМ да ти ували стручна од Основен во Судски! Вака новинарот Саше Димовски реагира за информацијата која вчера во јавноста ја сподели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Станува збор за Весна Дамева, нов член на Судскиот совет на предлог на претседателот Стево Пендаровски, која, според Мицевски е активист на владејачката партија.

Димовски додава и дека Весна Дамева е сопруга на Младен Дамев, директор на „ТВ Алфа“ во времето на Штерјо Наков.

Ти пишав и минатиот пат, не си го коцкај кредибилитетот, ама овој пат, сериозно го прокоцка. Не може, човек кој не донел ниту една пресуда во живот, да оценува судии од Основен до Врховен! Весна би била фин кандидат во Комисија за прекршочни постапки, бидејќи работеше на прекршочна материја, но никако во Судски совет! Одредбата се однесува на искусни правници, во кои можат да влезат адвокати, професори и слично, потенцира Димовски.

Новинарот, кој е важи за добар познавач на состојбите во судството, додава дека следниот пат кога ќе го прашаат зошто не чини судството, прстот ќе го впери во двајцата кандидати на претседателот во судски совет.

Под целосна одговорност тврдам: Уште многу фурни леб треба да изедат! Истото важи и за другиот предлог на СДСМ, Павлина Црвенковска, која не помина, стручна советничка од Апелација…Во СДС немав надеж, ама сериозно мислев дека претседателот има кредибилитет. Изгледа стварно сум имал лоша проценка, вели Димовски на „Фејсбук“.

За крај, додава дека познавајќи го претседателот, верувал во него, не во декларираните заложби.

Ама, сега гледам дека секој кој седнува на политичка позиција, мозокот го остава во партија на чување, завршува Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.