Вклучувањето на АРМ во сите државни активности е доказ за нефункционални цивилни институции, пишува Илија Димовски. Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Армијата на Република Македонија е единственото нешто што функционира во оваа држава (со исклучок на неколку професии кои во овие две три години беа на линија на борбата со болести, пожари и слично).

Цивилните државни органи и нивниот менаџерски кадар како да не постојат.
Далбок наклон и почит за сите припадници на Армијата на Република Македонија.
Но, Армијата има други задачи и обврски. Таа не смее да биде супституција на неодговорна, неработна и неорганизирана власт.
Во овие неколку години АРМ се користи за се и сешто, секогаш кога цивилната власт потфрла со својата работа. Тоа не смее да биде така.
Армијата на Република Македонија не е куп на механизација и физичка сила која може и треба да биде ангажирана секогаш кога државата и некој министер ќе потфрли во својата работа.

Слика 1: АРМ чува продавници
Слика 2: АРМ чува болници
Слика 3: АРМ растовара вакцини
Слика 4: АРМ гаси пожари
Слика 5: АРМ гради болници
Каде е Центарот за управување со кризи?
Каде е Дирекцијата за заштита и спасување?
Каде е Министерството за транспорт?
Каде се општините?
Зошто плаќаме постоење на десетици и десетици државни органи и илјадници вработени во нив ако за сите активности ја ангажираме армијата?
Зошто ниту еден функционер не понесе одговорност за задоцнета реакција во своите планирања и активности, при што се создало потреба за ангажман на АРМ?
Штом АРМ е толку често надвор од касарните, тоа е доказ дека државата не функционира…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.