Kога бев некој фактор ми беше кажано дека премиерот има интерес за отворање нов универзитет, коментира поранешната пратеничка Лидија Димова на веста дека ќе се формира Совет за унапредување на образованието и науката, со кој ќе претседава премиерот Димитар Ковачевски, а во состав ќе бидат министерот за образование и наука Јетон Шаќири, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими.

Од составот на ова тело се гледа дека Советов е осуден на пропаст. Премиерот има интерес за отворање нов универзитет (барем јас кога бев некој фактор ми беше кажано), а другите се занимаваат само со финансии. Каде е СЕП? Да не ја споменувам ни Националната агенција за европски образовни програми и мобилност… Или, ова нема да биде дел од евроинтерациите на нашата држава… ЕУ има милион образовни стратегии што мора да ги следиме!, пишува таа.

Инаку Димова е обвинета дека како директорка на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, заедно со уште две лица злоупотребила 320.000 евра пари од европски фондови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.