Со заедничко сооштение денеска се огласија Лидија Димова и Зоран Златковски, управителот на фризерницата која доби 270.000 евра за едукација. Тие велат дека се цел на неоправдани напади и оти Националната агенција не финансирала фризерница, иако и тоа било дозволено туку го финансирала претпријатието „Центар на европско знаење“.

Според нив, она што се финансира е строго котролирано од Брисел и затоа не се можни никави манипулации.

Не е точен наводот дека Вредност за европскознаење, односно В.Е.З. Трејд не постои во Централниот регистар на РСМ. Седиштето на оваа фирма е токму на адресата која ја посочувановинарот, каде по некоја случајност во овој момент се обавува фризерска дејност, бидејќи лицето кое го користи тој локал ја обавуваа таа
дејност. Но, фризерот кој ја обавува таа дејност ниту е Зоран Златковски, ниту тоа лице има каква било поврзаност со грантовите на Еразмус +
програмата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.