Науката покажала дека во време на економски кризи, за да си го спасат стопанството, државите се насочуваат да инвестираат во капитални инвестиции, кои вклучуваат изградба на патишта, железници, училишта, болници, вели Гоце Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина во централниот штаб на партијата, насловена „Тендери и криминал за власта – За народот скапа струја и поскапо парно греење“.

Ситуацијата со капиталните инвестиции не е онака каква што ветуваа СДСМ. Реализацијата на однапред предвидените капитални инвестиции на сериозно ниско ниво. Капиталните инвестиции сами по себе, за секоја економија, било да е развиена било да е мака економија како нашата, претставуваат компонента која е развојна. Капиталните инвестиции сами по себе како што се изградбата на патишта, железници, училишта, енергетски капацитети сами по себе го активираат секторот градежништво. Бидејќи секторот градежништво, според сите експерти, е една најбитните стопански гранки во една економија и кога имаме развиено градежништво, односно активно градежништво, ние имаме де факто и уште 25 стопански гранки во економијата кои се развиени и се активни“, истакна Димоски.

Тој посочи дека ако се инвестира едно евро во патишта, железници, енергетски капацитети, училишта и така натаму, носат поврат во економијата за четири пати повеќе.

Ако ја погледнеме реализацијата на капитални инвестиции како процент од вкупните расходи по години. Согласно мојата направена анализа, ако го погледнеме периодот 2018-2021, годишниот процент за реализација на капитални инвестиции е само 7% од вкупните расходи, што е многу малку. И ако направиме споредба со периодот 2010-2016 година ќе видиме дека реализацијата на капиталните проекти како процент од вкупните расходи на буџетот, изнесуваа над 11%. Разликата е голема. А од друга страна за периодот 2018-2021 година имаме масовно зголемување на долгот, а намалување на процентот на реализација капиталните инвестиции. Заклучокот е дека имаме масовно зголемување на долгот а намалување на реализацијата на капиталните инвестиции“, рече Димовски.

Димоски се осврна и зголемувањето на јавниот долг, кое беше и едно од клучните ветувања на СДСМ пред да го преземе раководењето на власта, дека ќе го намали, но од друга страна Владата на СДСМ, за четири години го зголеми долгот колку претходната за единаесет и тој сега е на работ на Мастришкриот критериум од 60%, кој е меѓународен критериум кој ја мери стабилноста на одредена државна економија.

Денеска ситуацијата не е баш таква како ветуваше СДСМ. Ако направиме анализа на јавниот долг, тој се зголеми за 2,1 милијарди евра и ако продолжи со ова темпо на задолжување ќе го стеснеме просторот за инвестирање во капитални проекти. Со она задолжување над 60% од БДП е сериозни последици функционирањето и развојот на државата и економијата и ќе преставува сериозен проблем за инвестиции во капитални проекти“, објасни Димоски.

Тој се надоврза и на директните странски инвестиции, при што додаде дека во последните години кога земјите од регионот како Албанија, Косово и Србија забележаа рекордни нивоа на инвестиции, за разлика од Македонија која пред десетина години беше лидер во регионот сега е закована на дното.

Во последните години Македонија во однос на странски директни инвестиции назадува. Тука ќе ја напоменам онаа ранг листа која ја прави секоја година угледниот британски весник Фајненшл тајмс, каде што го мери индексот за успешност на странки директи инвестиции на секоја земја во светот. Ако Македонија во 2016 согласно индексот на Фајненшл тајмс беше на високото 3 место во светот, за жал во 2019 о 2020 Македонија ја нема ниту во првите 50 места, што ја покажува лошата состојбата во делот на привлекување странски директни инвестиции.

„Ако ги погледнеме официјалните податоци на народните банки на Македонија, Косово, Србија и Албанија за 2020 година, Македонија за жал, споредено со овие земји е закована на дното, по однос на прилив на странски инвестиции. И тоа, Македонија во 2020 успеала да привлече околу 239 милиони евра странски директни инвестиции. За разлика од нас, соседно Косово за истата година успеала да привлече повеќе од 341 милион евра странски директни инвестиции, соседна Албанија успеала да привлече околу 933 милиони евра, а соседна Србија успеала да привлече над три милијарди евра странски директни инвестиции. Воедно, ако ја мериме успешноста, односно приливот односно износот на странски директни инвестиции, во однос на Бруто домашниот производ за 2020, исто така сме на дното споредено со соседните земји Косово, Србија и Албанија. Македонија успеала да привлече само 1,9% од ДБП, како странски директни инвестиции додека Косово 4%, Србија 4,8% од БДП, Албанија 5,7% од БДП. За 2020 исто така имам направено анализа колку изнесува приливот на странски директни инвестиции по глава на жител, и тука за жал Македонија останува закована на дното. Ние сме со 115 евра прилив на странски директни инвестиции по глава на жител, додека Косово е 193, Србија е 433 евра, Албанија е 329 евра прилив на странски директни инвестиции по глава на жител за 2020 година. Она што се случуваше во 2020 година за жал, продолжува во континуитет и во 2021 година. За првите девет месеци од 2021 година, Македонија има прилив на странски директни инвестиции за околу 285 милиони евра, споредено со Косово, Србија, Албанија како соседни земји, ние сме пак заковани на дното. Косово има околу 493 милиони евра прилив на странски директни инвестиции, соседна Србија има над 2,9 милијарди евра прилив на странски директи инвестиции и соседна Албанија има околу 711 милиони евра. И по однос на приливот на странски инвестиции по глава на жител, за првите девет месеци од 2021 година Македонија има скромни 137 милиони евра, додека Албанија е со 251 евро, Србија е со 419 евра и Косово е со 279 евра прилив на странски директни инвестиции по глава на жител“, истакна Димоски.

 

Димоски потенцираше дека малиот обем на странски директни инвестиции е резултат на високото ниво на корупција и неефикасноста на судскиот систем во Македонија.

Секоја мултинационална компанија прави детални анализи. Прва работа која ја интересира е владеењето на правото и стапката на корупција. За жал Македонија со оваа влада достигнува рекорди. Тука би го цитирал извештајот на Транспаренси од 2021 година каде Македонија за прв пат е на високото 111 место по индексот за перцепција за корупција. Тоа покажува зошто уназадуваме во делот на странските директни инвестиции. И извештајот на Стејт департментот кој беше објавен во 2021 година врз основа на анкета на компании кои работат во Македонија, вклучително и американски компании, кажува дека главен проблем за бизнис климата е корупцијата и неефикасното судство. Тука би ја истакнал и анкетата која беше направена во 2019 од страна на делегацијата на германското стопанство во Македонија, каде што германските компании кои придонесуваат за раст на економијата во Македонија, и дадоа на владата 0 во однос на бизнис климата во Македонија. Тоа се тие параметри кои не прават неатрактивни за инвестирање на странски компании- истакна Димоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.