Премиерот апсолутно не знае што сака. Тој не прави никаква разлика од Влада за национален спас и широка Влада, па потоа бараше експертска, па техничка – тоа се сите различни форми. Неговиот првичен став е Влада за национален спас, па после самиот се демантираше, не знам по кој пат веќе. Од што ќе не спасува. Зошто не каже во моментот од што ќе не спасува. Тоа е една работа. Друга работа е што покажа дека не се консултирал ниту во партијата, ниту со коалиционите партнери. И излегува како добра вила, со начин за решавање на наталожените проблеми. И сега кој е тој начин, ВМРО-ДПМНЕ може ама не и Христијан Мицкоски. Тоа не е негова работа. И сега после вакви изјави и после обидот за бегство на Сашо Мијалков му верува ли некој дека не се во брак од интерес? По се она што се случи во Собранието околу промената на името и Уставот?, истакна новинарот Предраг Димитровски во денешната „24 анализа” на Телевизија 24.

Според него, очигледна е тенденцијата на Заев играње на картата да го уништи ВМРО-ДПМНЕ со дефинитивен расцеп. Не може да се персонализира ВМРО-ДПМНЕ само во Мијалков и во Мицкоски.

Ако Заев имал искрени намери, прво неговата понуда ќе поминеше во неговата матична партија, ќе се консултирал со коалиционите партнери и ќе најдеше друг термин, а не влада за национален спас. Вака како што е сега, Заев само сака да ја потврди љубовта со Мијалков и да игра на картата за дефинитивен расцеп на ВМРО-ДПМНЕ, рече Димитровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.