Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, во Берлин ја почна дводневната работна посета на Германија со средбата со Томас Багер, советник за надворешна политика на претседателот Франк Штајнмаер.

Димитров информираше за приоритетите на новата Влада чиј фокус е ставен на реформите од европската агенда, нагласувајќи ја посветеноста кон квалитативна трансформација на општеството согласно стандардите и вредностите на ЕУ.

Нашата примарна цел преку спроведување на реформите е да изградиме модерна европска демократија, која што ќе гарантира силни институции и економски напредок во интерес на македонските граѓани – изјави Димитров.

Соговорниците се согласиле дека усвојувањето на Преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција токму за време на германското претседателство со ЕУ е заеднички интерес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.