Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров вечерва во Тема на денот на Сител истакна дека е невообичаено тоа што еврокомесарот Вархеји не дал изјава за јавноста и медиумите.

Важно е официјалните лица што доаѓаат од ЕУ да имаат контакти со јавноста, не само со политичарите. Еврокомесарот по дефиниција ни е најдобар пријател и било каков исчекор треба да е заеднички, но со него немав баш такво искуство, затоа што солираше и поставуваше свои предлози наклонети кон бугарската страна. Реагирав на таквиот однос во повеќе наврати како поединец. Важно е јавноста да знае дека немавме голема помош од неговите напори. Некои дипломати од западните земји-членки на ЕУ мислат дека ќе го решевме ова да не беа паралелните предлози на Вархеји, вели Димитров.

Според Димитров, сме немале сојузник во овој еврокомесар.

Ги поздравувам неговите изјави дека е разочаран, но дел од неговите активности се причина зошто немаме успех, вели Димитров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.