Никола Димитров на видео-конференциска средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во земјава порача дека усвојувањето на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција до крајот на годината, ќе ги заокружи историските успеси на земјата по зеленото светло за отворање на пристапните преговори и членството во НАТО, нагласувајќи дека „вредностите и принципите на Унијата зависат од тоа како ЕУ ќе се постави кон правото на самоопределување на македонскиот народ“.

Како Европската Унија ќе се постави кон ова прашање – правото на македонскиот народ на самоопределување – ќе влијае врз тоа дали и понатаму ќе можеме на Унијата да гледаме како на заедница на вредности и принципи, изјави Димитров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.