На новинарско прашање дали ситуацијата со ветото на Бугарија придонесува кон намалување на смислата на извештајот на ЕК за спроведување на реформите, Димитров кусо одговори „да“.

– Мислам дека едноставниот одговор е да. Кога една земја членка поради прашања што немаат тесна поврзаност со Копенхашките критериуми ќе го стопира процесот, а ЕК вели време е да се направи чекор, тоа се разбира влијае на релевантноста на овие постапки, на овие препораки. Така што, краткиот одговор би бил „да“, рече Димитров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.